Хатами: Иран ќе го порази сојузот на САД и Израел

533
Иранскиот министер за одбрана, бригадниот генерал Амир Хатами

Иранската воена команда објави во средата дека Иран е на работ од отворен оружен судир со сите свои непријатели, но дека е подготвен да се справи со каква и да е закана.

„Подготвеноста на иранската одбранбена војска е на највисокото ниво, и таа е подготвена да се спротистави на секаква закана и на претераните барања“, рекол иранскиот министер за одбрана Амир Хатами за новинската агенција IRNA. Истакнал притоа дека Иран ќе го порази американско-израелско сојузништво.

Вашингтон минатата седмица во водите на Блискиот исток го распореди воениот брод „USS Arlington“ со противоздушниот ракетен систем „Patriot“ на Блискиот исток. Новата борбена група е испратена со седмици пред предвидениот рок, слично како и групата на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ кој е испратен во истиот регион минатиот викенд, а што треба да претставува јасна порака за Иран. Во американската воена база во Катар пристигнаа и бомбардерите „B-52“, објави централната американски команда CENTCOM, објаснувајќи ги потегот како одговор на наводните закани од Иран.

Командантот на иранската Гарда на чуварите на исламската револуција во средата порачал дека земјата е „на работ од отворен судир со своите непријатели“, пренесува новинската агенција Fars. Генералот Хосеин Салами, кој е именуван за командант на војската во април, додал „Ова е историски момент, одлучувачки за исламската револуција, бидејќи непријателите тргнаа во судир со нас со полн капацитет“.

Висок ирански финкционер, исто така, во средата за агенцијата Reuters рекол дека Техеран е подготвен за какво и да е сценарио „од судир до преговори“ и дека САД не можат да си дозволат уште една војна на Блискиот исток.

Израел ќе застане до САД во судирот со Иран, рече во вторникот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Обединети сме во намерата да ја запреме агресијата на Иран… Израел, сите земји во регионот и сите оние земји кои бараат мир во светот, треба да се здружат со САД против агресијата на Ира“, рече израелскиот премиер.

Американскиот Стејт департмент нареди повлекување на најголемиот дел од американскиот пересонал од дипломатските претставништва во Ирак, порача амбасадата на САД во Багдад во средата. Наредбата го опфаќа персоналот кон не е задолжен за вонредни ситуации во во американската амбасада во Багдад и во конзулатот во Ербил, во автономната покраина Курдистан, се наведува во соопштението на амбасадата. Наредбата следи само ден откако американската Централна команда ги стави во состојба на тревога војниците во Ирак и Сирија поради наводно „веродостојни закани“ од страна на иранските сили во регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.