12.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Хаварија во Охис, опасност од истекување токсична материја

Во фабриката Охис во скопската општина Кисела Вода, од претпладнето во петокот истекува високо токсична и опасна материја матенол.

Според првичните неофицијални информации при преточување на цистерна неконтролирано почнала да истекува токсичната материја, пишува Досие.

За хаваријата е известена полицијата која прави координација со сите институции кои имаат соодветна опрема за да се справат со хавријата.

Се организира која екипа има сооодветна опрема за да може безбедно да интеренира. Засега нема информации дали ќе се врши евакуација на локалното население ниту дали се известени дека во нивна близина истекува опасен токсичен материјал.

Метанолот е токсична материја која доколу дојде во допир со организмот во мали количини предизвикува слепило, а во поголеми и смрт.

Во моментов надлежните не се расположени за подетални информации , но според нашите сознанија ситуацијата на терен е многу сериозна и аламантна.