Хави Мартинез најави реприза на 2013 година

Реприза на минатогодинешниот успех, најави шпанскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Хави Мартинез.

Одличниот играч за врска е убеден дека баварскиот гигант може да го повтори големиот успех од 2013 година и да ги освои сите можни трофеии како на домашната, така и на светската фудбалска сцена.

„Да, мислам дека можеме и во 2014 година да го повториме тој успех. Доволно сме квалитетни за да испишеме една нова, уникатна страница во фудбалската историја. Каде лежи тајната на таквиот успех? Во Баерн (М) нема фудбалер кои има загарантирано место во првиот тим, сите ние сме во паника кога е во прашање минутажата. Таквиот момент не тера да играме што е множно подобро, да го дадеме максимумот на секој натпревар, да одиграме подобро од претходниот натпревар. Никој не знае што се може да се случи на следниот натпревар или веќе следниот ден. Јас сакам да играм во средниот ред, тука сум најпродуктивен. Не се чуствувам толку комотно или корисно ако играм на некоја друга позиција”, изјави поранешниот фудбалер на Атлетик (Б).