Ексцентричниот екстремно десничарски популист Хавиер Милеи стана нов претседател на Аргентина во неделата, положувајќи заклетва откако влезе во трката како аутсајдер а по тринеделната кампања убедливо победи и покрај тоа што во политиката влеза пред нецели две години.
Дванаесеттиот претседател на Аргентина од враќањето на демократијата во таа земја пред 40 години, 53-годишниот Хавиер Милеи положи заклетва во парламентот „во името на Бога, земјата и светите евангелија“, со заклетва за „лојалност и патриотизам“. Потоа помошниците ставија сино-бела претседателска лента преку неговото рамо.
По кратката церемонија одржана напладне, Милеи го одржа својот прв говор како претседател, но не пред пратениците, како што налага традицијата, туку од скалите пред зградата на парламентот пред илјадници луѓе кои се собраа на огромниот плоштад веејќи аргентински знамиња и дресови на аргентинската фудбалска репрезентација.
Милеи е економист без искуство во извршната власт, кој со години беше најпознат како популарен полемичар во елевизиски емисии и успеа за кратко време да направи ја преврти аргентинската политика наглава.
Тој самиот призна дека е голем обожавател на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а неговите политички изјави навистина сенајслични со оние на Трамп и на поранешниот крајно десничкарски бразилски претседател Жаир Болсонаро, и поради тоа американските политички аналитичари го дефинираат како „најприземен десен полулист и ултраконзервативист“, како што неодамна оцени Financial Times.
На 19-ти ноември Милеи победи во вториот круг од претседателските избори против неговиот противкандидат, центристичкиот министер за економија во заминување Серхио Маса, со 55,6 отсто од гласовите.
Како трета по големина економија во Латинска Америка, соочена со хронична инфлација, дури 143 проценти на годишно ниво, со структурен долг и со 40 проценти од населението кое живее во сиромаштија, Аргентина се подготвува за болни прилагодувања во наредните денови и седмици, додека новиот претседател ветува „шок-терапија“ што според него ќе влијае на намалувањето на јавната потрошувачка.