ХДЗ надмоќно во водство на хрватските избори со 71 мандат

Неофицијалните резултати на хрватската централна изборна комисија објавени во 21 часот, според пресметките на медиумите, покажуваат дека владејачката ХДЗ на парламентарните избори за десеттиот состав на Хрватскиот Сабор освојува 71 мандат, а коалицијата „Рестарт“ предводена од СДП би ибмала 45 мандати.

Третата партија во хрватскиот парламент според прелиминарните резултати е Татковинското движење со 16 мандати, а четврти се Мост со освоени четири пратенички места.

Четири мандати освоила и зелено-левата коалициај предводена од платформата „Можеме“. По еден мандат, пак, освојуваат коалицијата „Стрип“ предводена од партијата Паметно, како и Реформистите и ХНС.

Државната изборна комисија во 21 часот ги објави резултатите од обработени 22,95 отсто од избирачките места, на коишто гласале 13,31 отсто од избирачите. Бидејќи и излесните анкети покажаа слични резултати, медиумите не очекуваат подраматични промени во трендот до добивањето на конечните резултати.