Хејл: Немам видено докази за украинско мешање во изборите во САД

Американскиот државен подсекретар за политички прашања Дејвид Хејл, трет по ранг во Стејт департментот, изјави денеска дека не видел докази дека Украина, а не на Русија, е вмешана во американските избори во 2016 година.

На прашањето дали се согласува дека руското мешање во американските избори било „залажување“, Хејл на сослушувањето во Одборот за надворешни односи при Сенатот одговорил: „Не“.

На прашањето дали е запознат со каков било доказ, со кој би се потврдила вмешаност на Украина, тој исто така одговорил „не“.

Американскиот претседател Доналд Трамп и некои негови колеги републиканци ја промовираа теоријата дека Украина, а не Русија, се трудела да се вмеша во изборите во САД 2016 година.