Хејли: САД никогаш не можат да и доверуваат на Русија

Поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, изјави дека САД „никогаш неможат да имаат доверба во Русија“, потенцирајќи дека „Кремљ е агент на хаосот“.

-Русија никогаш нема да биде наш пријател. Никогаш не можеме да и веруваме на Русија во било какви околности, изјави таа на бизнис настан оддржан синоќа во Лонг Ајленд, Њујорк, пренесе „Њусдеј“.

Хејли, која замина од амбасадорското место во ОН лани во декември, е убедена дека Москва се вмеша во американските избори во 2016 година и посеа раскол меѓу Американците преку социјалните мрежи. Таа вели дека сепак, каналите за комуникација со Русија треба да бидат отворени.

-Точно е дека тие се вмешаа во нашите избори, но гледаме како и други земји го прават истото. Според неа, „моќта на Русија извира од тоа што создаваат хаос и поделби во други земји“.

-Нема лош актер на светската сцена со кој Русија не игра некаква улога, изјави таа.

Во врска со истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп покрената од демократите, на прашања од присутните таа изјави дека истрагата го дефокусира Капитол хол од завршување на многу поважни работи како трговскиот тоговор меѓу САД, Мексико и Канада.

За претседателот Трамп, таа кажа дека имале добри односи на меѓусебно разбирање.

Најави книга за нејзиниот ангажман во Администрацијата на Трамп која треба да биде објавена следниот месец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.