Хејнс: Зимата без интензивна војна, украинскиот отпор не е поткопан

Американските разузнавачки служби очекуваат дека намалениот интензитет на војната во Украина ќе продолжи и следните неколку месеци и не гледаат докази за намалената волја на Украина за пружање отпор и покрај масивните руски напади врз клучната инфраструктура за преживување во текот на зимата, изјави во саботата Аврил Хејнс, директорка на американската Национална разузнавачка служба којашто обединува дваесеттина агенции.

„Веќе гледаме одреден вид намалено темпо на борбите…. и веројатно тоа ќе го гледаме следните месеци“, изјави Хејнс на годишниот Реганов национален одбранбен форум во Калифоранија.

Оцени дека и украинската и руската војска ќе се обидат да се прилагодат и да се снабдат за да се продготват за контраофанзиви по зимата.

„Многу сме скептични кон тоа дали Русите ќе бидат подготвени тоа да го сторат. Во таа временска рамка, мојот опитимизам е поголем во поглед на способноста на Украина“, додаде Хејнс.

Запрашана за ефектите од руските напади врз украинската инфраструктура, Хејнс рече дека „целата на Москва е да ја поткопа волјата на Украинците за пружање отпор и додаде „Мислам дека во моментов не гледаме никакви докази дека тоа во овој момент е поткопано“.

Рече и дека Русија, исто така, настојува да влијае врз способноста на Украина да води војна и додаде дека украинската економија тешко е погодена.

„Со времето, очигледно, може да има влијание. Колкаво ќе биде тоа влијание ќе зависи од тоа колку сакаат да грабнат, што се способни да го сторат, отпорноста на таа клучна инфреструктура, нашата способност да им помогнеме да се одбранат. Украинското стопанство има големи проблеми. Имаше и разорувачки, и … очигледно е дека и на него ќе влијае падот на електроенергетската мрежа“, рече Хејнс.

Додаде дека мисли оти рускиот претседател Владимир Путин „бил изненаден од тоа што неговата војска не постигнала повеќе“.

„Мислам дека станува сѐ поинформиран за предизвиците со кои се соочува руската војска. Но сѐ уште не ни е јасно дали тој ја има во оваа фаза целосната слика за тоа колкави се тие предизвици… гледаме недостиг од муниција, морал, проблеми со снабдувањето, логистиката, цела низа проблеми со кои се соочуваат“, рече Хејнс без да пружи докази или податоци во поткрепа на своето тврдење.

Хејнс рече и дека „се чини дека“ политичките цели на Путин во Украина не се промениле, но американските разузнавачки аналитичари „мислат дека тој би можел да биде расположен да ги намали своите краткорочни воени цили привремено со идејата да се врати на тоа прашање подоцна“.

Шефицата на американското разузнавње тврдеше и дека се чини дека Русија ги троши своите воени резерви „прилично брзо“.

„Тоа е навистина доста неверојатно, а нашето сопствено чувство е дека тие не се способни самите да го произведат она што го трошат во оваа фаза. Затоа гледате како одат во други земји за да се обидат да набават муниција… нивната прецизна муниција се троши многу брзо“, рече Хејнс.

Во тој контекст рече и дека САД „виделе некои придвижувања“ во снабдувањето со муниција од Северна Кореја „но тоа во оваа фаза не е големо количество“. Хејнс го повтори тврдењата дека Иран ѝ испорачал на Русија беспилотни летала и дека Москва „бара други видови прецизна муниција“ од Техеран, што би било „многу загрижувачки во смисла на нивните капацитети“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.