Хејг: Нема повеќе исцртување граници на Балканот

Состојбата во Босна и Херцеговина не смее да се поврзува со случувањата во Украина, затоа што за тоа нема никаква основа, оцени министерот за надворешни работи на Велика Британија Вилијам Хејг, порачувајќи дека на Балканот повеќе не може да има исцртувања на нови граници.

„Да бидам јасен: не може веќе да има исцртување на границите на Балканот. Само единствена и суверена БиХ, во рамкитена своите сегашни граници може да пристапи кон Европската унија. Ова е уверување кое го делам со сите свои колеги од 28-те земји-членки на ЕУ“, рече Хејг, кој престојува во официјална посета на Сараево.

Хејг оцени дека чекорите кои Русија ги презема во случајот со Крим е „ужасен пример на противправно припојување кон што државите – членки на Европската унија имаат единствен осудувачки став.

„Нема никаков добар начин за споредба (Крим) со претстојниот референдум во Шкотска и ситуацијата во ентитетот на Република Српска“, рече Хејг во разговор за сараевски „Дневни аваз“, пренесе  МИА.

Шефот на британската дипломатија потсети дека референдумот на Шкотска најавен за септември, ќе се одржи во согласност со Владата во Лондон, а за разликата од Шкотска, која е во унијата  со другите британски земји уште од 1707 година, РС има гаранција као ентитет од 1995 година, само внатре во рамките на границите на БиХ.