Хејтинга може да си бара нов клуб

Поранешниот предводник на Виган во изминатите 13. кола од новата сезона во англиската Премиер лига предност им даваше на Фил Јагиелка и на Силван Дистан, а Хејтинга сите натпревари ги следеше од клупата за резервни фудбалери.
„Хејтинга е невиден професионалец, така се однесува од првиот ден кога бев именуван за нов менаџер на Евертон. Има големо влијание врз останатите фудбалери, го прифати мојот начин на работа без никаков проблем. Џони е топ фудбалер, но има потреба од поголема минутажа и ние како клуб ќе се обидеме да му помогнеме за време на зимскиот преоден рок. Има потреба да биде корисен и на зелениот терен, како што е корисен надвор од фудбалскиот терен”, изјави Мартинез.