Хекуран Дука е новиот градоначалник на Дебар

Кандидатот на ДУИ, Хекуран Дука е новиот градоначалник на Дебар. На вчерашните избори за градоначалник на Дебар тој освои 272 гласа повеќе од Арбен Аголи, кандодатот на Алијансата за Албанците .

За Дука гласале  4.106 избирачи, додека Аголи доби поддршка од 3.834 гласачи.

Во Дебар се спроведоа предвремени локални избори за градоначалник, поради смртта на Ружди Љата, кој по кусо и тешко боледување почина на крајот од ноември минатата година.