Хеленик петролеум пак ја активираше тужбата против Македонија

Грчаката компанија Хеленик петролеум пак ја активираше тужбата против Македонија пред Арбитражниот суд во Париз, која е сопственик на скопската рафинерија ОКТА бара околу 32 милион евра. Побараната сума е на име долг во кој се вклучени и камати, а се побарува затоа што нашата земја не го испочитувала купопродажниот договор потпишан при преземањето на ОКТА во 1999 година.

Во април годинава постапката за арбитража еднаш беше запрена, за да има можност да се постигне договор. Временотозапирање не резултираше со конкретен договор, по што тужбата пак е активирана.

Хеленик петролеум бара надомест зашто државата не откупувала по 500.000 тони мазут од ОКТА како што бил и договорот, во периодот од 2008 до 2011 година.

Македонската Влада, бараше решение, но не успеа да го најде, иако претходно веќе изгуби еден ваков спор со грчката компанија.

„Во договорот, има повеќе клаузули, за соработката за градење на нафтовод, а една од клучните е тоа што државата зела обврска да троши 500 илјади тони мазут годишно и доколку тоа не го прави да плати пенали од 29 долари по тон.  По основ на тој спор нашата држава веќе има изгубено една пресуда за периодот од 2007 година, во 2013 година ОКТА еднострано самоволно престанала да работи и да произведува, но за периодот од 2007 до 2013 година има нова тужба. Добро е граѓаните и општеството да знаат дека државата е исправена пред тужба од 32 милиони долари како пенал што го побарува Хеленик петролеум по основ на тој договор“, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев во април оваа година.

Тој истакна дека се разгледуваат сите можности и за барањето на грчката страна за ставање во функција на нафтоводот изграден согласно со Договорот, а за што со арбитражната пресуда од 2007 година е пресудено дека 20 проценти се во сопственост на државата, а останатите 80 на Хеленик петролеум.

Инаку првиот пат, Македонија го загуби спорот и на Грците им плати 40 милиони евра, иако пресудата беше за отштета од 86 милиони евра.