Хелоууу бастерс!

Крај на колумната

Заклучокот e следен. Коалицијата „Длабоко Грло“ мора да биде распадната. Нема повеќе милост за оние новинари кои велат ние сме за ЕУ и НАТО, а Американците нив да ги прифаќаат како легитимни партнери. Ако Анџела Агелер сака да и’ веруваме, прво да покаже со прст кон пулените на амбасадите и да бара МВР на чело со Оливер Спасовски да си ги уапси.

Почеток на колумната

Во претходната колумна објавена на 29 ноември 2022 година напишав:

„Збунетоста на амбасадата на САД јас лично како Виктор ја разбирам дека со други зборови е ОГОРЧЕНОСТ и дека Ви дава рок господа политичари со „облигаторна рекомендација“ (во превод мора да исполниш) да „престанете да крадете“.

На 06 декември 2022 година Н.Е. Анџела Агелер најави тим од САД за сузбивање на корупција. И да имаа кај нас политичарите еден грам морал, бар некој од нив ќе си дадеше оставка.

Наместо тоа сите си констатираа дека најголем проблем во Македонија била корупцијата. Аууу, што зборите бе другари. Ја па мислев дека проблем ни е тоа што нашиот премиер навива за Србија, а не му текнуе да навија за Хрватска или не дај боже Австралија.

Затоа морам да донесам прв заклучок дека нашиве политичари заедно со нивните шуги од полтрони се дефинитивно групација за СЕИР. Какво иселување од тука? Па, ова чудо не постои никаде. Впрочем они се на исто ниво како оние аналитичарине кои се јавуваат кај Роберт од Утринска на Канал 5. Да раскажам две мали приказни од гледач аналитичар. Мојот став е Без Коментар:

  1. Роберт само да ти кажам дека Груевски го продаде името. И објаснува: Ја напраи Северна Трибина? Во Прилеп ќе пее Северина? Епа Северна Македонија.
  2. Овде се тројца гледачи,
  • Првиот: Роберт само да се знае Македонија е библиска држава 5.000 години е пред Исус
  • Вториот: Робер ај те молам да не пушташ вакви луѓе. Се знае прво е сонцето, па Македонија, па сите останати.
  • Третиот: Роберт нема смисла да пушташ вакви будали. Да се знае прво е Македонија, па Сонцето. Ај те молам другпат да внимаваш.

Реков дека нема да коментирам, ама да Ви кажам да не се секирате за Роберт. Го видов пред некој ден. Во добра психофизичка состојба е.

Во 2017 година моменталнава власт ја зграби со неверојатна помош токму на САД. И што направија? Ја оплескаа по сите основи.

Не проблем што Анџела Агелер ќе гони корупција, проблем е дали ќе ја разбие коалицијата „Длабоко Грло-политичари и медиуми“, која суди и пресудува на личности, а со тврдење дека тоа доаѓа со одобрение на САД. Ова е клучното прашање, а ние сме тука да потсетуваме.

Еве вака да почнеме.

Изборот на претседателот на ЗНМ е класичен циркуз за демократијата. Овој избор само го бетонира ставот на граѓаните дека новинарите се безвредни. Да дадам две информации:

  1. Старо Ново избраниот претседател Младен Чадиковски им се заблагодари на новинарите и дополнително на СНИМАТЕЛИ И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ. Па овој господин, а и останатите кога влегуваат во просториите на ЗНМ, мора да знаат дека тоа е кратенка од ЗДРУЖЕНИЕ НА НОВИНАРИ НА МАКЕДОНИЈА. Ама од дрво нозе не се прават
  2. Поразените кандидати за разлика од Прецедников имале само право да направат увид во списокот на членови. Членови на еснаф и избирачки список се две различни работи. Списокот се дава како во Куќен совет со сите информации. Прецедников и претходно како таков го контролира целиот список.

Опасна демократија на дело во организација и исполнување желби од страна на МРТВ, СДСМ и ДУИ.

Во 2012 година при процесот на дигитализација во последни моменти се менува закон и се дава одобрение да телевизиите можат од терестријални да станат кабелски. Плус да се купувало енкодер за дигитализација од 22.000 евра само од една фирма и да му го сместат на Љупа Vision.Тоа значеше удар за Словенечки Телеком. Лица за преиспитување се Димитар Буковалов, Зоран Трајчевски и Роберт Ордановски.

Да бидам конкретен тоа е како да купите Фри Шоп за 2 милиони марки од човек чив брат е во Владата на РМ и знае дека утре се затвораат сите Фри Шопови.

Сепак за мене најинтересен случај е „Рекет“ кој започна со пресудата на Сеад Кочан. Сите работеле сконцентрирано. И СЈО и политичари и бизнисмени и медиуми (новинари) и нормално Боки 13, со кодно име „Труст“.

Ако се чита внимателно пресудата на Лидија Зимбовска ќе видите 2 работи.

НАПОМЕНА: Најодговорно тврдам дека конзорциумот создаден од Сеад Кочан и Ѕинго ја имаат најпоштено завршено целата работа со копањето во РЕК „Битола“ со вредност од 17 милиони евра кои се делат рамноправно меѓу фирмите и споменатите две лица. Периодот на копање е 2 години. Дело има кое завршува со условни казни и забрана за учество на тендери 2 години. Но,…

Класична уцена за Ѕинго во правец да ги тргне Латас и Ивона од екраните, да Авировиќ гласа за уставните измени и да му простат дека нема да му наплатат 8.5 милиони евра непосточки долг од изработен тендер.

Сите средства се наплаќаат од „Трансмет“ и тоа незаконски. „Трансмет“ затвора фирма со 1.200 вработени. Вкупниот грабеж е скоро 100 милиони евра.

За огромна жал поранешниот државен правобранител за мене голем човек, Фехми Стафа, ги фаќа живи. Со документ. Шу праиме сеа другари А.А. и А.М..

Со која Цел?

Наместо „Трансмет“ за 6 милиони евра во РЕК Битола ќе копа Сиљан Мицевски-Циле и тоа за 12 милиони евра. Работата е иста. Потписник е Васко Ковачевски, овој експертов за струја

Сиљан Мицевски-Циле во меѓувреме префрла 750.000 евра на Боки 13 за изградба на старски дом во Битола.

Идејата за домови доаѓа од времето на Фросина Ременски кога е министер за труд и социјална политика, во техничката влада. Во нејзиниот кабинет се наоѓа мајката на Боки 13.

Фросина Ременски е потпретседател на Собранието и така чудесно се потпишуваат меморандуми за соработка со Боки 13, кој ги користи за наплата и отварање на Телевизијата 1ТВ. Потпишуваат Стефан Богоев (потпретседател на СДСМ сега) од Општина Карпош, Општина Битола (Наташа Петровска) и Горан Сугаревски како Министер за Транспорт и Врски. Вака се собрани 1 милион евра.

Без никаква финансиска сигурност која е задолжителна Зоран Трајчевски (демек ВМРО-ДПМНЕ) за да се спаси од смена во АВМУ доделува дозвола за телевизија на Боки 13, а по сугестија на СДСМ. Наредба де.

Инаку преку пријател на СЈО (кодош) се развива напад од истиве врз 11 лица од ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои се Аце Кендо, Груевски, Драги Книга, Маријан и Хари од МРТВ.

Боки 13 го злоупотребува новинарскиот инегритет на Ацо Кабранов и Гордана Дувњак. На целата почетна екипа СДСМ им гарантира финансиска безбедност. Подоцна Боки 13 ги носи со помпа дека се новинарски бардови: Борјан Јовановски, Александар Чомовски и Сашо Ордановски. За маркетинг главен и одговорен – синот на Катица Јанева. Без нив Боки 13 е голо куче. Нема никакво влијание. Ови немале информации дека Боки рекетира, дека СДСМ не е внатре?! Овие што на ѓаволот дупката ја знаат.

Зоран Заев неколку месеци порано му пушта СМС дека со криминалци како него нема намера да разговара, а за пред крајот на после емисија од кај Сашо Ордановски, Боки 13 му вели дека сите реклами од „Пелистерка“ и Орце Камчев се со рекет остварени.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес