Хелсиншки предупредува дека четвртиот пакет на мерки може лесно да се злоупотреби

Хелсиншкиот комитет објави извештај со истражување во кое е нотирано дека постои можност за злоупотреба на средствата од четвртиот пакет економски мерки на Владата за помош и поддршка во справување на компаниите со корона кризата.

Според Хелсиншкиот комитет и во четвртиот сет мерки Владата не ја избегна опасноста од злоупотреба на средствата. Во извештајот пишува дека Владата го усвои четвртиот пакет економски мерки но повторно не е избегната опасноста од злоупотреба ако се има предвид дека парите не им се исплаќаат директно на работниците.

-Четвртиот пакет економски мерки опфаќа поддршка на приватните фирми за исплата на плати за последниот квартал на годината, но повторно не е избегната опасноста од злоупотреба ако се има предвид дека парите не им се исплаќаат директно на работниците‘‘ стои во извештајот на Хелсиншкиот комитет
Во извештајот е нотирано дека Владата објавила малку информации во однос на тоа дали овие мерки ќе ги користат и големите фирми кои оствариле голема добивка на штета на малите и средни претпријатија и нивните вработени, како што беше случајот со претходните сет-мерки.

Во минатиот сет мерки имаше проблеми со неисплатена државна помош за минамалната плата каде што беше и објавена листа на компании на кои им е исплатена државна помош а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени.

Освен Хелсиншкиот комитет за нетранспарентноста на Владата за сите три пакет мерки забелешки има и Транспаренси Интернешнл кој што укажа дека Владата нема механизми за заштита од крадење на парите кои стигнуваат од ММФ за справување со корона кризата.

Невладиниот сектор исто така бара поголема транспарентност за ефектот на владините мерки. Во извештајот на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените се вели дека планирањето и спроведувањето на првиот и вториот пакет економски мерки беа повеќе збунувачки и затскриени отколку навремени и сериозни, а пак третиот пакет премногу сензационален.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.