Хелсиншки: Претепувањето на Саздовски е дело од омраза. Ќе ја следиме постапката и квалификацијата на делото

За жал претепаното момче од инцидентот кој се случи на 29.06.2018 година околу 17 часот на автобуска постојка во Автокоманда, им подлегна на сериозните повреди.

Овој случај е потврда дека злосторствата од омраза се сериозни и дека последиците од нив може да бидат фатални. Изразуваме искрено жалење за прерано загубениот живот и уште еднаш повикуваме на смиреност кај сите граѓани, а особено кај членовите на навивачките групи, бидејќи никакви инциденти нема да го вратат младото момче назад, а може да доведат само до дополнителни жртви и нарушување на мирот и безбедоста на останатите граѓани, се в ели  во реакцијата на Хелсиншки комитет.

Според нив нституциите пак, мора со најголемо внимание, ефикасност и темелност да му пристапат на овој случај, да ги обезбедат сите докази и согласно истите да го квалификуваат делото и да ја водат постапката против сторителите, кои согласно закон би биле изведени пред суд и казнети соодветно.

Хелсиншкиот Комитет го евидентира овој случај како случај на злосторство од омраза и истиот ќе го следи и понатаму со должно внимание, особено за тоа како ќе го квалификуваат надлежните инсититуции овој случај, како и во кои рокови ќе постапуваат и секако да го мониторира судскиот предмет по негово започнување.

Ги повикуваме уште еднаш владејачките и опозиционерските политички партии да го препознаат овој случај како сериозен случај на злосторство од омраза, да го осудат, да ги повикаат граѓаните на смиреност и што е најважно, да не го искористуваат овој случај за дневно политички поени и за разгорување на нетрпеливост помеѓу двете етнички заедници ( македонската и албаската) и секако да не ги попречуваат или влијаат било како на институциите во вршењето на нивната работа, велат тие.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.