Хендерсон најдобар играч во Премиерлигата, во изборот на BBC

Спортската редакција на британскиот јавен сервис BBC го прогласи капитенот на водечкиот Ливерпул, Џордан Хендерсион, за најдобар играч во англиското првенство во сезоната 2019/2020, кое поради пандемијата на коронавирусот е прекинато девет кола пред крајот.

Хендерсон освои 23 отсто гласови од навивачите кои учествувале во анкетата на BBC, а второто место му припадна на неговиот клупски соиграч Садио Мане со 17 отсто, додека Кевин де Брујне од Манчестер Сити е трет со 14 отсто од гласовите.

За најдобар менаџер е прогласен германскиот стратег на Ливерпул, Јирген Клоп, додека Трент Александер-Арнолд е прогласен за најдобар млад играч.

Идеалните едеинаесетмина во Премиер лигата за сезоната 2019/2020 во изборот на BBC ги прават: Алисон Бекер, Трент Александер-Арнолд, Виргил ван Дијк (сите од Ливерпул), Калгар Сојунчу (Лестер), Енди Робертсон (Ливерпул), Кевин де Брујне (Манчестер Сити), Џордан Хендерсон (Ливерпул), Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Мохамед Салах (Ливерпул), Серхио Агуеро (Манчестер Сити) и Садио Мане (Ливепрул).

Ливерпул во моментот на прекинувањето на првенството имаше 25 бодови предност пред второпласираниот Манчестер Сити, и му се неопходни само уште шест бодови од следните девет кола за да ја потврди 30 години очекуваната титула.

Англиските клубови во понеделник ќе објават кога ќе се вратат на терените и веројатно првенството ќе биде продолжено во јуни. Според најавите, сите преостанати 92 натпревари ќе се играат пред празни трибини и на неутрални терени, што во моментов не го поддржуваат сите клубови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.