Хенкел поради Србија воведува ковид сензори

Откако во фабриката на Хенкел во Србија дојде до масовно заразување на вработените со коронавирусот, оваа компанија се одлучи за драстични мерки – воведе футуристички антиковид сензори за сите вработени, кои пиштат и светкаат кога некој премногу ќе им се приближи.

Бејзбол сезоната 2019-20 беше суспендирана повеќе од 140 дена откако еден играч беше позитивен на коронавирусот. Кога сезоната продолжи во јули, никој друг не беше позитивен. Бејзбол лигата избегна ширење на заразата така што побара од екипите да играат во изолирана област позната како Меур, во близина на Дизни рисортот на Флорида.

Во сето тоа им помогна и технологијата: наракавицата што ја носат играчите, тренерите и помошниот персонал надвор од теренот, а мора да ја носат и новинарите кои ги следат натпреварите.  Мал дигитален чип во наракавицата пишти и светка кога некој премногу и предолого ќе се доближи. Ракавицата потоа ја презеде и националната фудбалска лига, а потоа и другите лиги во целиот свет.

Нараквицата на минхенскиот стартап Кинексон, благодарение на публицитетот што го доби, бидејќи помогна врвните спортисти да не се заразат, иако таа технологија кај многумина предизвикува загриженост поради повреда на приватноста. Сега овие нараквици се проширија и во други арени: фабрики, магацини, логистички центри, каде милиони луѓе продолжуваат да работата и покрај пандемијата.

Се почна од Србија

Една од компаниите кои соработува со Кинексон е и Хенкел, светски производител на индустриска и куќна хемија со седиште во Германија. Кога десетина работници се заразија со корона во нивната фабрика во Србија минатата пролет, фабриката беше затворена две недели и имаше милионски загуби, изјави за Њујорк тајмс Волфганг Вебер, менаџер во Хенкел.

Хенкел претходно ја тестираше претходната верзија на технологијата на Кинексон, чија цел е да спречи несакана „средба“ на багерите и вилушкарите со работниците. Сензорите во моментот го запираат вилушкарот ако премногу се приближи до работникот.