Хенкок: Со тестирање да се запре ширењето на јужноафриканскиот вирус

Министерот за здравство на Велика Британија, Мет Ханкок, денеска истакна дека ширењето на коронавирусот од Јужна Африка мора да се запре со спроведување на масовни тестирања во областите каде е откриен новиот вид, а случаите не се поврзани со патувања во странство на заразените.

„Немаме докази дека новиот вид предизвикува потешка клиничка слика. Но, ние мора да го запреме ширењето на вирусот и ќе го сториме тоа“, рече Хенкок.

Шефицата на Националната служба за јавно здравје, Сузан Хопкинс, изрази очекување дека сите вакцини ќе обезбедат ефикасна заштита од овој вид коронавирус