„Херитиџ“: Македонија уште во 2008. ги исполни сите услови за членство во НАТО

Реномираниот сајт www.heritage.org објавуваа детална анализа во пресрет на НАТО самитот во Варшава,  каде во делот за Република Македонија истакнува дека земјата одамна ги има исполнето сите препораки и дека Грција е единствената пречка за членство на земјата во НАТО.

НАТО ја засилува безбедноста на Европа и Северна Америка повеќе од 67 години, па не е ни чудно што многу земји од трансатлантскиот регион кои се уште не се членови сакаат да се приклучат на сојузот.

Како што пишува сајтот, политиката на отворена врата на НАТО е клучна за мобилизирање на Европа и сојузниците околу колективна трансатлантска одбрана. САД треба да го искористи самитот во Варшава за да се осигури дека политиката на отворени врати на НАТО ќе остане таква, како и да преземе мерки за да им помогне на земјите кои сакаат да се приклучат да ја постигнат својата цел.

-Според Северноатлантскиот договор, секоја земја од Европа која ќе ги исполни условите од истиот и ќе демонстрира способност да придонесе кон безбедноста на НАТО сојузот е погодна за членство.

Има три официјални кандидати за влез во НАТО: Република Македонија, Босна и Херцеговина и Грузија.

Република Македонија стана независна држава по распадот на Југославија во 1991 година. Грција веднаш се побуни за уставното име на земјата, поради регионот во Грција наречен Македонија.

Во 1993 година, Македонија се приклучи кон Обединетите нации. Во 1995 година Македонија и Грција направија привремена спогодба со која Грција се согласува да не ја блокира интеграцијата на Македонија во организациите како НАТО, се додека се нарекува „Поранешна југословенска Република Македонија“, се додека двете страни не се договорат за име кое ќе биде прифатливо и за двете земји.

Македонија се приклучи кон мировното партнерство на НАТО во 1995 година и доби Акционен план за членство во НАТО. Откако го заврши истиот во 2008 година, што значеше дека ги исполни сите услови за членство во НАТО, Македонија очекуваше покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт.

Во последен момент Грција стави вето за приклучување на Грција кон НАТО. Во декември 2011 година Меѓународниот суд за правда донесе одлука дека Грција ја прекршила времената спогодба од 1995 година. И покрај тоа, Грција продолжува да го попречува патот на Македонија кон членство во НАТО сојузот, објавува www.heritage.org.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.