Хернанес убеден дека Интер е подобра опција од Лацио

Репрезентативецот на Бразил и сега веќе поранешен фудбалер на Лацио, Хернанес и официјално беше претставен како последна зимска аквизиција на големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Интер.

За да ги осигура услугите на одличниот играч за врска, новиот сосптевник на Интер, индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир мораше да го прифати побараното обештетување од 18 мил. евра.

„Кога слушнав дека Интер има покажано интерес за моите услуги, јас веднаш стапив во контакт со мојот агент, а тој оствари контакт со раководните лица на Интер. Сакав да се преселам на ’Џузепе Меаца’, почуствував дека ова е голем чекор во мојата професионална кариера, чекор нанапред. Ова е уникатна можност и морав и да ја искористам. Бев многу среќен и немав никаква дилема, сакам да играм за еден толку голем клуб, не само во Италија, туку и Европа. Мислам дека сите три страни се задоволни од постигнатиот договор”, изјави последната милионска аквизиција на “нероазурите”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.