Херојски подвиг на Ел Шарави, совладал крадец на автомобил

Големара звезда на Рома, Стефан Ел Шарави, вчера покажа дека иако е планетарно популарен и таквите луѓе знаат да покажат и тоа како голема човечност, совесност и грижа за останатиот свет.

Па така, Ел Шарави враќајќи се од вчерашниот тренинг, заебележал дека провалник го крши стаклото од еден автомобил и се обидува да го ограби. Веднаш застанал, го совладал криминалецот и повикал полиција. Што е уште поважно, го држел онеспособен да побегне се додека не пристигнале органите на редот, и го преземале под свое провалникот. Италијанската јавност е воодушевена од потегот на Ел Шарави и го слави сопствениот репрезентативец кој секако има египетско потекло.