Хероин откриен при апсењето на наплатната рампа кај Сопот

Вчера 11.04.2021 во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај селото Сопот, полициски службеници од Одделот за кримниналистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Велес ги лишија од слобода 44-годишниот А.К. од Прилеп, кој управувал патничко возило „опела зафира“, во кое сопатник бил 30-годишниот А.Т. од Прилеп, бидејќи при извршен преглед е пронајдено поголемо полиетиленско пакување со хероин.

Лицата се приведени во полициска станица и по насока на Јавен обвинител против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.