Херсонската област бара референдум за припојување кон Русија

Јавниот совет на регионот Херсон во Украина му испратил на претседателот на регионалната воено-цивилна администрација, Владимир Салдо, барање за одржување референдум за итно пристапување кон Русија, соопшти денеска претседателот на Советот Владимир Овчаренко. Сите членови на Советот го поддржаа барањето за одржување на референдумот. Овчаренко рече дека е вистинско време за одлука за итно одржување референдум за припојување на областа Харсон кон Руската Федерација.

„Сигурни сме дека иницијативата ќе биде целосно поддржана од жителите на регионот и дека припојувањето кон Русија, не само што ќе биде победа за историската правда, туку и ќе овозможи регионот да стане безбеден и да се врати во нормален живот“, рече Овчаренко, пренесува Танјуг.

Јавните совети на Луганската Народна Република и Доњецката Народна Република вчера се обратија до лидерите на тие самопрогласени републики, Леонид Пашечник и Денис Пушилин, со иницијатива за итно одржување референдуми за влез на ЛНР и ДНР во Русија.