Херта последна есенска пречка за Борусија Д.

Без победник, 1:1, заврши премиерниот натпревар од последното есенско коло во германската Бундес лига, дуелот помеѓу екипите на Ајнтрахт од Франкфурт и Аугсбург. Од денешните натпревари, најголемо внимание ќе привлече пресметката помеѓу вицешампионот на Германија, тимот на Борусија од Дортмунд и новајлијата во елитното друштво, екипата на Херта од Берлин.

Предводникот на “милионерите”, Јирген Клоп потврди дека и понатаму има големи проблеми кога е во прашање здравствениот билтен, но вети дека неговите фудбалери ќе дадат се од себе и ќе се обидат да ги освојат планираните три бода. Обврска да слави на незгодното гостување во Бремен, има моментално второпласираниот тим на табелата, Баер од Леверкузен. Денеска на програмата: Нирнберг – Шалке, Борусија Д. – Херта, Вердер – Леверкузен, Брауншвајг – Хофенхајм, Фрајбург – Хофенхајм, Хамбургер – Мајнц.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.