Херта сигурна во дербито со Унион Берлин

Фудбалерите на Херта ја постигнаа втората убедлива победа по рестартирњето на германската Бундеслига, откако во берлинското дерби во 27-ти коло од првенството пред празните трибини на „Олимпискиот стадион“ го совладаа Унион Берлин со 4:0.

Натпреварот до 51 минута мина без погодоци, а тогаш домаќините на овој дуел во интервал од десет минути дури трипати ја затресоа противничката мрежа.

Во 51 минута 35-годишниот капитен на Херта, Ведад Ибишевиќ ја доведе во водство својата екипа постигнувајќи гол со глава на нафрлувањето од Марвин Платенхард. Во следните два погодока Ибишевиќ придонесе како асистент, во 52 минута одлично го проигра Белгиецот Додо Лукебекио кој го мина гостинскиот голман и ја погоди небранетата мрежа. Во 61 минута Ибишевиќ му ја спушти топката на Бразилецот Матеус Куња кој погоди од работ на казнениот простор, а конечните 4:0 ги постигна со глава Белгиецот Дедрик Бојата по изведениот корнар од Платенхард.

Херта со оваа победа дојде до 34 бодови и се проби моментално на 10-то место, додека Унион Берлин со 30 бодови останува на 12-то место седум бодови над загрозената зона.

На табелата води минхенски Баерн со 58 бодови, четири повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд, трета е Борусија Менхенгладбах со 52 бодови, а четврт е РБ Лајпциг со 51 бод.

Во саботата на распоредот се пет од осумте преостанати мечеви од 27-то коло а се среќаваат Борусија Менхегладбах – Баер Леверкузен, Фрајбург – Вердер, Падеборн – Хофенхај, Волфсбург – Борусија Дортмунд а сите започнуваа во 15,30 часот, додека во 18,30 часот ќе започне дуелот меѓу Баерн и Ајнтрахт.

Во недела програмата ја започнуваат Шалке и Агусбург во 13,30 часот, два часа подоцна ќе играат Мајн – РБ Лајпциг, а во 18 часот е закажан мечот Келн – Фортуна.