Херта славеше на гостувањето кај Шалке

Во последниот натпревар од второто коло на германското фудбалско првенство Херта победи на гостувањето кај Шалке 04 со по еден гол во двете полувремиња.

Стрелец на водечкиот гол за Херта беше Словакот Ондреј Дуда во 15 минута, а истиот играч го потврди домашниот проаз на Шалке и во шестата минута од судиското продолжување.

Фудбалерите на РБ Лајпциг и на Фортуна одиграа 1:1 во првиот меч од неделната програма. Гостите од Диселдорф поведоа во 47 минуа со голот на Цимерман, а за домашните израмни Аугустин во 68 минута.

Во саботата беа постигнати следните резултати: Хофенхајм – Фрајбург 3:1, Леверкузен – Волфсбург 1:3,
Ајнтрахт – Вердер 1:2, Аугсбург-Борусија М. 1:1, Нирнберг – Мајнц 1:1 и Штутгарт – Баерн 0:3.

На табелата водат Баерн Минхен, Волфсбург и Херта со максималните шест бодови, додека на дното се тимовите без ниеден бо Шалке, Баер Леверкузен, Фрајбург и Штургарт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.