Хесе: Едвај чекам да го напуштам ПСЖ

Напаѓачот на ПСЖ, Хесе Родригез се надева дека ќе го промени својот тим во јануари. Шпанецот оваа сезона не настапува за парижаните, иако е сигурен дека заслужува место во тимот.

Сакам да играм. Сакам да уживам во играта во вториот дел од сезоната, сакам повторно да згазнам на теренот. Ги бројам деновите до почетокот на зимскиот трансфер период, вели Хесе.

Тој истакна дека е физички подготвен, но и дека тренира и со тимот и со личен тренер. Сега сум во истата форма од пред повредата на коленото, рече Хасе за спортското радио АС.