Хет-трик на Адис Јаховиќ

Македонскиот репрезентативец имаше блескава партија за Ријека во квалификациите за Лига Европа постигнувајќи хет-трик против Винкингур.

Натпреварот заврши 4-0 за Ријека, три гола беа дело на Јаховиќ, еден гостите си постигнаа автогол, хрватскиот тим со вкупни 9-1 оди понатаму.

Сараево обезбеди херојска победа на гостувањето кај Атромитос во Грција, Крсте Велковски го одигра целиот натпревар кој во регуларниот дел заврши со 2-1 за неговиот тим, во продолженијата Сараевчани постигнаа уште еден погодок за вкупни 4-3 и пласман во следната рунда.

Неславно поминаа Александар Трајковски, Николче Новески, Мартин Богатинов и Ферхан Хасани кои со своите екипи беа елиминирани од Лига Европа.

Зулте Варагем одигра 2-2 на гостувањето кај Солигорск, но изненадувачкиот пораз од 3-0 во Белгија не можеше да се анулира, Трајковски ги одигра сите 90 минути, имаше две асистенции.

Изненадување е елиминацијата на Мајнц од Астерас, Грците победија со 3-1 и со вкупни 3-2 одат понатаму, Новески го одигра целиот натпревар.

Мартин Богатинов два пати ја вадеше топката од мрежата на Ермис кој загуби со 2-0 од Јанг Бојс.

Ферхан Хасани не беше во тимот на Бромби кој дома загуби од Бриж со 2-0 и со вкупни 5-0 е елиминиран.