Хет-трик на Агуеро, Челзи сака да е лош домаќин

Како и што се очекуваше, пласман во следното, 5. коло од англискиот ФА Куп, обезбедија големите фаворити за победничкиот пехар, тимовите на Ливерпул и Манчестер Сити.Благодарение на новиот хет-трик на аргентинскиот интернационалец, Серхио Агуеро, тимот на Манчестер Сити со 4:2 го победи и го елиминира второлигашот Вотфорд кој имаше предност од два гола до 60 минута од натпреварот.

Далеку полесно, фудбалерите на Ливерпул забележаа сигурен триумф од 2:0 во пресметката со нисколигашот Борнмут.

Сигурен пласман во следната рунда се очекува од фудбалерите на Чезли кои денеска имаат обврска да го елиминираат ривалот од англиската Премиер лига, тимот на Стоук.

Резултати: Борнмут – Ливерпул 0:2, Сандерленд – Кидерминстер 1:0, Болтон – Кардиф 0:1, Саутемптон – Јелвил 2:0, Хадерсфилд – Чарлтон 0:1, Порт Вејл – Брајтон 1:3, Саутенд – Хал 0:2, Виган – Кристал Палас 2:1, Манчестер С. – Вотфорд 4:2, Бирмингем – Свонси 1:2, Стивниџ – Евертон 0:4.