Хет-трик на Алкасер за тесна победа на Борусја Д, Баерн уште еднаш шокиран

Со својот прв хет-трик откако настапува за Борусија, шпанскиот напаѓач Пако Алкасер продонесе за победата од 4:3 (0:1) на гостинскиот Аугзбург во натпреварот од седмото коло на германското фудбалско првенство, со што тимот од Дортмунд го сочува челното место во Бундеслигата.

Гостите поведоа во 22 минута со голот на Финбогасон, и овој резултат важеше следните повеќе од четириесет минути игра. Во 59 минута тренерот на Борусија, Лусиен Февре, го внесе во игра Пако Алкасер и овој веќе по три минути од речиси првиот контакт со топката израмни. Аугсбург повторно поведе во 71 минута, а стрелец беше Макс. Во 80 минута уште еднаш израмни Алкасер, а за пресвртот се погрижи уште еден играч кој влезе од клупата, Марио Геце, кој беше прецизен во 84 минута. Меѓутоа, само три минути подоцна Грегорич ја натскока домашната одбрана и со глава израмни. И кога се чинеше дека ќе биде запрена победничката серија на Борусја, во шестата минута од судиското продолжение Пако Алкасер погоди од слободен удар за конечните 4:3.

Во последниот саботен меч фудбалерите на Борусија од Менхгенгладбах го шокираа атуелниот шампион Баерн во среде минхен, победувајќи го дури со 3:0.

За Баварците ова е втор првемствен натпревар со ред во кој не постигнуваат погодок, а последната победа на домашен терен, како во Бундеслигата така и во Лигата на шампионите ја остварија уште во второто првенствено коло кога го совладаа Баер Леверкузен со 3:1. Потоа на „Алијанц Арена“ бод освоија Аугсбург (1:1) и Ајакс (1:1), а сега сите три бода ги однесе Борусија.

Екипата од Менхенгладбах поведе веќе во 10 минута, а стрелец беше Плеа. Шест минути подоцна на 2:0 зголеми Штиндл, а конечните 3: го постави Херман во 88 минута. Баерн успеа да ја погоди противничката мрежа во 68 минута, но погодокот оправдано беше пониште поради недозволена позиција на стрелецот Роберт Левандовски.

Хановер со домашната победа од 3:1 над Штутгарт се извлече од последното место на табелата, на коешто го турна токму тимот кој му гостуваше. Двоен стрелец за Хановер беше Вуд во 30 и 45 минута, а Марио Гомез за малку ги врати надежите на гостите во 50 минута, кои сепак ги растури Бебу во првата минута од судиското продолжение.

Шалке 04 забележа гостинска победа од 2:0 кај Фортуна во Диселдорф. Стрелци беа Меккени во 48 и Бургшталер во 53 минута. Мајнц ја пречека берлинска Херта но дуелот заврши без победник и без голови.

Претходно во петокот вечерта Вердер беше подобар од Волсфбург со 2.0, а во недела играат Фрајбург – Баер Леверкузен, Хофенхајм – Ајнтрахт Франкфурт и РБ Лајпциг – Нирнберг.

Борусија Дортмунд води на табелата со 17 бодови пре Борусија Мехенгладбах, Вердер и Херта кои имаат по 14 бодови, а Баерн е петти со 13 бодови. На дното се три клуба по пет бодови Хановер, Фортуна и Штутгарт.