Хет-трик на Меси, Барса не го дава врвот

Фудбалерите на Барселона во последниот меч од саботната програма во 13-то коло на шпанското првенство на својот „Ноу Камп“ со 4:1 ја совладаа Селта Виго, во меч во кој три погодока беа постигнати од слободни удари, од кои два на Лионел Меси.

Својот 52-ри „хет-трик“ во кариеарата, а 34 во натпреварите во шпанското првенство, Меси го започна во 23 минута кога реализираше пенал досиден откако гостинскиот играч Аиду играше со рака. Селта ја врати рамнотежата од слободан удар кој во 42 минута го изведе Олаз од дваесетина метри неодбранливо за Марк-Адре тер Штеген.

Но тоа како да го предизвика Меси кој во судиското продолжение на првото полувреме од 25 метри го постигна првиот од двата гола од слободен удар., Во третата минута од продолжението, од слична поиција, само неколку метри поблиску до голот, Арентинецот го погоди речиси идентичното место. Гостинскиот голман Рубен Бланко уште еднаш се испружи колку што можеше, но не успеа да ја сопре топката. Конечните 4:1 ги постигна Серхио Бускетс во 85 минута со својот прв погодок за Барселона по двогодишниот пост.

Со уверливата победа, Барселона е на врвот на табелата со 25 бодови, колку има и второпласираниот Реал Мадрид но со полоша гол разлика. Трет е Реал Сосиедад со 23 бода, а Селта остгана на 18-то место во зоната на испаѓање.

Реал Мадрид со високата победа од 4:0 на гостувањето кај Еибар дојде до 25 бодови со кои е на второто место на табелата. „Кралевите“ во интервал од 12 минута постигнаа три погодока на тешкиот терен потопен под вода. Карим Бензема погоди за 1:0 во 17 минута, три минути подоцна првиот пенал го реализираше Серхио Рамос а вториот во 29 минута Бензема, додека конечниот резултата го постави Валверде во 61 минута со удар од работ на шеснаесетникот.

Еибар е 15-ти со 15 бодови.

Во првите саботни натпревари Алавес како домаќин го совлада Вајадолид со 3:0, а стрелци беа Хозели во 26, Пина во 32 и Перез во 75 минута. Алавес со 15 бодови е на 15-то место, а Вајадолид остана со 17 бодови и моментално е на 13-то место.

Валенсија во финишот со головите на Вас во 74 и Торес во седмата минута од судиското продолжение го скрши отпорот на Гранада. Валенсија со 20 бодови привремено дојде на седмото место, зад Гранада која има ист број бодови.

Во петокот Реал Сосиедад само ремизираше дома 1:1 со Леганес пропуштајќи шанса да го поправи бодовното салдо во бобрата за излез во европските купови, па сега е на третото место зад Реал и Барселона кои имаат и меч помалку.

Во недела играат Атлетик Билбао – Леванте, Атлетико Мадрид – Еспањол, Хетафе – Осасуна и Реал Бетис – Севилја.