Хет-трик на Роналдо за пласман на Португалија во финалето на Лигата на нациите

79

Португалската фудбалска репрезентација ја победи Швајцарија со 3:1 и се пласира во финалето на Лигата на нациите.

Најзаслужен за триумфот на Португалците синоќа на „Драгу“ во Порто, беше Кристијано Роналдо кој ги постигна трите гола за домаќините.

Единствениот погодок за Швајцарците го постигна Рикардо Родригез.

Во финалето, Португалците ќе играат со победникот од натпреварот Холандија – Англија закажан за вечер од 20:45 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.