Хет трик за Џеко и за Дибала, „Реал“ загуби од ЦСКА

Актуелниот европски шампион,„Реал“ Мадрид загуби со 1:0 во Москва од ЦСКА, што е изненадување на вчерашните натпревари од второто коло на Лигата на шампиони во групите Е, Ф, Г и Х, кое го одбележа и ремито на „Баерн“ и по трите гола на Един Џеко и Паоло Дибала.

ЦСКА веќе во втората минута поведе против „Реал“ откако грешката на Тони Крос и Рафаел Варан ја искористи маладиот хрватски фудбалер, Никола Влашиќ кој го матираше Навас. Иако гостите беа подобри, имаа и стативи, резутатот остана непроменет до крајот. Во 96 минута беше исклучен голманот на ЦСКА, Акинфеев, кој поради приговор доби два жолти картони едно по друго.

Во вториот меч од истата група „Рома“ во Рим го победи полски „Плзен“ со 5:0, а босанскиот интернационалец, Един Џеко постигна три гола

„Манчестер Јунајтед“ на „Олд Трафорд“ го одигра и четвртиот натпревар без победа во низа по ремито со „Валенсија“. По неинтересното прво полувреме, домаќините направија неколку прилики за гол, но не ги реализираа. „Јувентус“ рутински го победи „Јанг Бојс“ со трите гола на Дибала.

Најинтересниот меч се одигра во Атина, каде АЕК се врати во натпреварот против „Бенфика“, откако гостите водеа со 2:0. Домаќините имаа стопроцентна шанса и за победа, но не ја искористија, па Португалците на крајот, сепак, славе со 3:2. Во истата група „Баерн“ и „Ајакс“ одиграа 1:1, што е трет натпревар без победа за германскиот шампион. Баварците вчера имаа и среќа бидејќи гостите беа подобар противник.

„Манчестер Сити“ успеа да слави во Германија против „Хоефенхајм“ со голот во 87 минута, по речиси единствената грешка на домашната одбрана. Претходно Англичаните примија гол упте во првата минута, но изедначија седум минути подоцна. Иако имаа повеќе од играта, гостите не беа доволно ефикасни победата да ја обезбедат порано.

Уште еден интересен натправер се одигра во Лион, каде „Олимпик“ и Шахтор“ ремизираа. Иако Французите важеа за фаворит по победата во првото коло на гости кај „Сити“, Украинците беа тие што ја диктираа играта и имаа водство од 2:0 до 72 минута. Тогаш домачините за две минути постигнаа два гола и се изборија за бод.