Хет-трикот на Меси ја урна Севилја

Аргентинската фудбалска ѕвезда во дресот на Барселона, Лионел Меси, уште еднаш ја одведе својата екипа до победа, благодарејќи на неговите три погодока за триумфот на гости кај незгодната Севилја која двапати беше во водство во дуелот од 25-то коло на шпанското првенство.

Севилја на својот стадион „Санчез Пицхуан“ особено во првото полувреме ја надигра водечката Барселона, двапати беше во водство, но откако во вториот дел „каталонците“ ги средија своите редови, домашните немаа одговор.

Севилја која се определи за стриктно покривање на противничките играчи и брзи противнапади ја реализираше својата замисла првпат во 23 минута, преку Жезус Навас. Но само четири минути подоцна Лео Меси изрмани, откако доби топка од Иван Ракитиќ која си ја намести на волеј и го совлада голманот Вацлик. Севилја, сепак, на полувремето замина со предност, благодарејќи на речиси идентичниот погодок како оно на Навас, но овојпат во 43 минута истото место од голот на гостите го погоди Габриел Меркадо.

Во второто полувреме кај Барса во игра наместо Семедо Нелсон во игра влезе Серхи Роберто, а Артуро Видал беше заменет со Усман Дембеле. Вториот во 67 минута се проби по десната страна го вработи Меси кој со прециен удар со десна нога го совлада Вацлик кој всушност е главен виновник бидејќи претходно катастрофално ја исфрли вратената топка во неговиот шеснаесетник. Во 85 минтуа Меси среќно дојде до топлата откако беше блокиран шутот на Алења, и од шест метри го префлри домашниот голман. Својата голема претстава со трите маестрални реализации, Аргентинецот ја круниса и со асистенцијата за Луис Суарез во третата минута од судиското продолжение, а Уругваецот го префрли истрќаниот Вацлик за конечните 4:2.

Во првиот саботен меч Хетафе дома го совлада Рајо Ваљекано со 2:1. Стрелци за домашните беа Хаиме Мата во 29 и Хорхе Молина во 69 минута, а за гостите стрелатше во 59 минута Раул Де Томас. Хетафе со 39 бодови се проби на четвртото место, а Рајо остана претпоследен 19-ти со 23 бодови, најмалку еден бод од местото кое осигурува опстаник, а на кое Селта Виго со мел помалку.

Барселона е на врвот со 57 бодови, десет повеќе од Атлетико и 12 од Реал но мадридските екипи во недела ќе ги играат своите дуели од ова коло.

Во петокот Епсањол и Хуеска одиграа 1:1, а во сабота вечер играат Алавес – Селта Виго и Атлетик Билбао – Еибар. Во недела на распоред се мечевите Леганес- Валенсија, Атлетико Мадрид – Вилјареал, Вајадолод – Бетис и Левранте – Реал Мадрид, а во понеделник колото го заокружуваат Жирона и Реал Сосиедад.