Хет-трикот на Стерлинг го остави Сити на врвот, Тотенхем поразен кај Саутемптон

И по 30-то коло од англиското фудбалско првенство, актуелниот шампион Манчестер Сити ќе остане на врвот од табелата, благодарејќи на трите погодока на Рахим Стерлинг во победата од 3:1 над Вотфорд пред своите навивачи, додека Тотенхем киксираше кај Саутемптон загроузувајќи ја третата позиција.

Вотфорд, иако настапи без дури седум првотимци кои стручниот тим ги штедеше за натпреварот од купто от против Кристал Палас следнава седмица, успеа во првото полувреме да ја сочува мрежата. Меѓутоа, веќе во првата акција во вториот дел, во 46 минута, Рахим Стерлинг постигна погодокот кој е дискутабилен, поради што главниот судија Пол Тјерни го призна поништувајќи ја одлуката на својот помошник кој покажа дека стрелецот бил во недозволена позиција. Имено, очигледно беше дека Стерлинг во моментот кога топката беше упатена кон него беше во офсајд и наблизок до гостинскиот голман, но пред него до топката стаса бекот Џанмаат и при обидот да ја исфрли топката го погоди Стерлин од кога за несреќа на Вотфорд се одби во спротивниот агол покрај немоќниот голман Фостер. Стерлинг веќе во 50 минтуа го постигна вториот погодок на асистенција на Махрез, а во 59 минута за хет-трикот му асистираше Давид Силва. Поразот на Вотфорд го ублажи Жерард Деулофеу во 66 минута.

Манчестер Сити сега има 74 бодови и на првото место има три бода повеќе од Ливерпул кој има меч помалку. Вотфрод, пак, останува на осмото место со 43 бодови.

Тотенхем, кој со серија лоши резултати на почетокот од вториот дел од сезоната ги загуби шансите да се обиде да се вмеша во борбата за титулата, се чини го губи здивот и му овозможува на Манчестер Јунајтед да го симне и од третата позиција на табелата. „Спарси’ во Саутемптон водеа од 26 минута со погодокот на Хари Кејн. Точно педесет минути подоцна Валери ја искорист грешката на комплетната одбрана на гостите кога неколку играчи ја пропуштија топката нафрлена од левата страна по земја, и лесно израмни. Во 81 минута со перфектно изведениот слободен удар Џејмс Вард-Проус му ја донесе победата на Саутемптон, кој со 30 бодови е на 16-то место, два бодат пред Кардиф кој е на 18-то место, кое е првото што води во втората лига.

Тотенхем остана засега трет со 61 бод, додека четврти е Манчестер Јунајтед со 58, петти е Арсенал со 57, а шести е Челзи со 56 бодови, и сите имаат меч помалку.

Њукасл направи пресврт од два гола заостанување и го совлада Евертон со 3:2. Во првото полуреме домашните беа во загубена позиција, откако гостите од Ливерпул поведоа со головите на Колверт-Левин во 18 и Ричарлисон во 32 минута, а покрај тоа Ричи во 30 минута не реализираше пенал за „Свраките“. Но со погодоците на Рондон во 65 и на Перез во 81 и 84 минута, екипата на Рафа Бенитез направи голем пресврт и оствари победа со која Њукасл дојде 13-то место со 34 бодови, шест повеќе од тимовите во зоната на испаѓање. Евертон остана 11-ти со 37 бодови.

Кардиф Сити освои три бода во саботата со победата од 2:0 над Вест Хем, а стрелци беа Хојлет во 4 и Камараса во 52 минута. Кардиф сега има 28 бодови на 18-то место, два помалку од 17-от Барнли и 16-от Саутемптон, на местата кои обезбедуваат опстанок, но Барнли има натпревар помалку.

Лестер успеа да ги освои трите бода против Фулам, кого дома го надигра со 3:1. Тиелманс ги доведе домашните во водство во 21 минута, а по половина час игра израмни Ајите, но првиот стрелец на Лестер, Џејмс Варди, погоди во 78 и 86 минута. Тоа беа неговите 100-ти и 101-ви гол за Лестер Сити во сите натпреварувања. Лестер е 10-ти со 38 бодови, а Фулам е претпоследени 19-ти со 17 бодови, дури 13 помалку од позициите го гарантираат опстанок.

Хадерсфилд пред своите навивачи беше поразен со 0:2 од Борнмут, за кој погодија Вилсон во 20 и Фрејзер во 66 минута. Хадерсфилд со 14 бодови речиси нема никакви шанси за опстанок во Премиер лигата, а Борнмут со 37 бодови е на сигирната 12-та позиција.

Поразен со 1:2 на домашен терен беше и Кристал Палас за кој во 50 минута од пенал израмни Миливојевиќ, откако гостите од Брајтон во 19 минута поведоа преку Мареј, а во 74 минута бодовите им ги донесе Нокарт. Кристал Палас моментално е 14-ти со 30 бодови, а Брајтон го следи со ист број бодови, но и со еден заостанат меч.

Во недела на распоред се преостанатите три натпревара од 30-то коло во кој се среќаваат Ливерпу – Барнли, во 13 часот, Челзи – Вулверхемптон во 15,05 часот, а дербито на колото во 17,30 часот во Лондон го уграат домашниот Арсенал и Манчестер Јунајтед.