Хетафе не сака да оди на натпревар со Интер поради коронавирус

Претседателот на Хетафе, Ангел Торес изјави дека тимот нема да лета за Италија за реваншот од осминафиналето на Лигата на Европа против Интер поради коронавирусот.

Натпреварот треба да се одржи во четврток, на 12 март.

– Ако ситуацијата не се смени, Хетафе нема да лета за Италија за натпреварот. Побаравме од УЕФА да најде алтернатива. Не сакаме да летаме кон епицентарот на коронавирусот. Би било најразумно да се одложи мечот. Ако не дисквалификувааат, нека биде така. Нема да го ризикуваме здравјето на тимот, соопшти Торес.

Натпреварот треба да се игра утревечер со почеток во 21 часот, во Милано без публика.