Хибридниот режим се циментира, Заев ги заштити криминалците како бели мечки, а политичкиот прогон продолжува со нови монтирања

Хибридниот режим наместо да се размонтира, Заев го циментира. Петта година како е власт во државата нема крупен криминалец кој е во затвор. Додека прогонот Заев го гледа како сламка за спас или купување на време.

Наместо фрлен на работа Заев со неговиот тим е фрлен на креирање нови кривични пријави за непостоечки кривични дела. Дознаваме дека државните институции како Финансова полиција, МВР  и Обвинителство наместо да гонат криминал се насочени кон монтирање на процеси против политички неистомисленици на Заев и оцрнување на членови на опозицијата, пишува порталот „Курир“, пренесува НетПрес.

Најновиот случај кој се говори меѓу кулоарите најверојатно ќе излезе деновиве.

Кога државата е по дното на инвестиции, кога треба да се покријат 3.000 жртви од корона, или кога треба да се создаде димна завеса од криминогените тендери тогаш тактиката на Заев е удри по Христијан Мицкоски, спомени го Никола Груевски и креирај случај против Миле Јанакиески.

Предметот кој се креира и филува е за земјиште продадено на јавно наддавање во 2009 година. Го купила фирма зад која институциите на Заев утврдиле дека наводно се криел Груевски.

Извадиле одобрение за градење во 2011 година. Требало да се изгради објект по договорот до 2013 година, но не е изграден.

Според Финансова полиција, Јанакиевски и Димитар Димовски требале да го раскинат договорот, а договорот не е раскинат бидејќи во 2012 година е сменет законот и за сите тие договори се утврдува рок за изградба од 10 години по добиено одобрение за градење, за што е склучен анекс на договорот во 2015 и му даден рок до 2021 година да се изгради објектот. Договорот не е раскинат ниту ден денес кога петта година на власт е СДСМ и Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се поголемиот притисок врз голем број членови на партијата со монтирани обвиненија, нема да го запре паѓањето на Заев и нема да ги сокрие неговата неспособност и криминалии, туку напротив, ја зголемува желбата кај луѓето што поскоро да се стави крај на оваа банда.

– Заев нека си погледне во сопствениот двор кога станува збор за корупција и криминал. Нека го провери родениот брат, директорот на финансова полиција, министерот за внатрешни, сегашни и поранешни директори кои воделе државни институции во последните 4 години, но и неговите бизнис партнери. На крај, нека се провери и себе, бидејќи тој е изворот на криминалот и корупцијата. Дали Заев мисли дека со монтирани процеси против луѓе од ВМРО ДПМНЕ ќе ја подобри перцепцијата за корупција? Ја повикуваме и меѓународната јавност будно да го следи работењето на институциите кои наместо да носат правда и да се борат против криминалот и корупцијата, они се посветени на вршење притисоци и тортура врз недолжни луѓе опонентите на Заев, велат од ВМРО ДПМНЕ.