Хидинк повторно селектор на Холандија

Фудбалската федерација на Холандија пред неколку часа потврди дека по завршувањето на Мундијалот во Бразил, во селекторската фотеља ќе седне искусниот стручњак, Гус Хидинк.

Холандскиот стручњак и порано беше селектор на Холандија (1994-1998), а освен „лалињата“ ги предводел и репрезентациите на Јужна Кореја, Австралија, Русија и Турција.

Хидинк може да се пофали и дека бил тренер на Реал (М), Бетис, ПСВ, Челзи и Анжи, а негови помошниц на новото работно место ќе бидат Руд ван Нистерлој и Дени Блинт.

Искусниот стручњак веќе го има потпишано понудениот 2-годишен договор, а по истекот на истиот, во селекторската фотеља најверојатно ќе седне поранешниот дефанзивец на Ајакс, Дени Блинд

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.