Хигиеничар удрил ученик

Хигиеничар во битолско училиште удрил ученик, информираше МВР.

Според полицијата, 14-годишник од Битола заедно со негов родител пријавил дека во саботата околу 15 часот физички бил нападнат од хигиеничар во училиштето „Коле Канински“ .

Додека чекал наставник, малолетникот случајно турнал лименка од прозорецот. Во тој момент хигиеничарот Ј.Т. почнал да му вика, барајќи да ја фрли лименката во ѓубрето. Откако не го послушал, хигиеничарот најпрвин го турнал по скалите, по што го удирал по лицето. Малолетникот добил повреди и отишол во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош, а го известил и родителот за настанот. Подоцна, настанот бил пријавен и од директорот за училиштето.