Хилари Клинтон: Императив е Трамп да го испратиме во пензија

18

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон има резерви во однос на претендентот за претседателски кандидат на Демократската партија Берни Сандерс, но најави поддршка за секој кандидат на демократите.

Во новиот документарен филм „Хилари“, поранешната државна секретарка го опишува Берни Сандерс како личност која никој не ја сака ниту сака со него да соработува.

Но и покрај резервите за Сандерс, кого таа го победи во борбата за демократска номинација во 2016 година иако подоцна на изборите изгуби од Трамп, Клинтон вели дека приоритет е на овогодишните избори да биде победен актуелниот претседател.

– Ќе почекам да видам кого ќе номинира Демократската партија и ќе го поддржам номинираниот кандидат и немојте да се изненадите кога велам дека императив е да се испрати сегашниот претседател во пензија, изјави Хилари Клинтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.