Хилари Клинтон: Путин сака да ги прекрои границите на Европа

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон го обвини рускиот претседател Владимир Путин, за обид на „прекројување на границите“ на Европа по Втората светска војна, пренесе „АФП“.

Обвинувањата на Клинтон се поради потпишаниот указ од страна на Владимир Путин за пристапувањето на црноморскиот полуостров Крим кон границите на Руската Федерација.

На 16 март жителите на Крим преку референдум одлучија да се припојат кон Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.