Хирург ги врежувал своите иницијали во црниот дроб на пациентите

Водечки британски хирург суспендиран уште во 2013 година поради тоа што со ласер ги „гравирал“ своите иницијали во црните дробови на двајца пациенти, ја признал вината на судот во Бирминген во вторникот, а пресудата ќе му биде изречена на 12-ти јануари.

Педесет и тригодишниот Сајмон Брамал ја признал вината по две обвиненија за нанесување штета и повреда, бидејќи со ласерот ги испишал иницијалите „SB“ на црните дробови од пациентите под анестезија, без нивна согласност, додека оперирал во болницата „Кралица Елизабета“ во Бирмингем во 2013 годна.

За испишување на своите иницијали употребил нетоксичен аргон, кој често се користи во хирургијата, Еден од неговите колеги недозволената интервенција на Брамал ја воочил во текот ан втората операција, по што управата на болницата ги суспендирала хирургот до завршување на истрагата.

Лекарот од тогаш се брани од слободата со кауција во очекувањето на пресудата којашто судот ќе му ја изрече на 12-ти јануари.

„Станува збор за невообичаен и сложен предмет“, истакнал на рочиштето обвинителот Тони Бејдоноч и оцени дека предметот е „без преседан во правосудството и кривичното право“.

„Обвинетиот призна дека делото коешто го сторил не само што е неетичко, туку и казниво“, додал тужителот.

Обвинението го товари за злоупотреба на овластувањата, истакнува обвинителот, бидејќи „фактот дека др Брамал ги впишал своите иницијали на црниот дроб од еден пациент не е изолиран случај, имајќи предвид дека го извел двапати, а за тоа е потребно знаење и концентрација. Тоа го сторил во присуство на своите колеги“, додал.