Хистерија

Дали топлото време, вообичаено за овој период од годината (?) ме размекна и ме направи неотпорен на секоја глупост која ја „даунлодирам“ од масмедиумите, навистина не знам.

Знам дека ми беше толку природно ова топло време, без мразулци, во лесна јакна, да ги шетам скопските улици во јануари, што ретко ми се случува, заради познатите студеникаво-антифриз причини. Неодоливо ме тераат мислите кон Данска (!?) мајката-татковина на Гренланд, остров кој го знаеме по дебелиот слој напластен снег, а кој името, је*ем ли га, го добил по зелената земја? Ова Данско парче земја, пред тисучу година било потполно зелено, со ливади, ваљда по некое говедо, и сигурно расна чобаница која весело чувала стока. Блазеси им, сигурно немале Си-Ен-Ен, Би-Би-Си да ги гушат со тези за глобално затоплување оти имало премногу Викинзи и говеда на планетава кои испуштале гасови и затоа не довеле до работ на самоугушување.

А бргу мислите ми се смкнуваат како ѕиври без ластик. Вчера еден пријател, додека шмркавме недозволени количини кофеин во течна состојба, седнати на тераса во едно тренди место, ми раскажуваше дека на овие простори, не така одамна, живееле лавови кои, нормално, денес се истребени. Не ја вртевме на политика, останавме на историските тези – за тие лепоти од животињи да можат тука да опстанат им требало само едно, топла клима, на пример, каква што доживувавме деновиве. Гњавејќи ја конобарката со нови нарачки на разни форми и облици на црно злато за конзумирање (да де, нафта пиевме) отеравме у мајчина две-три невладини активистки кои со апокалиптичка фаца ни докажуваа дека ова време е страшно опасно. Да, и реков, оди кај баба ти која има сметка за струја 40 пати помала за овој период од годинава па да видиш дали ќе има нешто од пензијата за следната афтер ворк парти. Отпоздравивме и пар инфлуенсерки кои д’ткаа (не викам пелтечеа) од нервоза заради нашите антипрогресивни тези за одобрување на глобалното затоплување кое го нарековме глобално нормализирање.

После едно пар саати бадијалчење, почнавме да се опитваме, шо па им е на луѓево, који им е мој? Абе стварно ли немаат живот па се однесуваат ко таксисти? Им пука филм од сообраќај па тераат муабет за се у контра само да не е со здравиот разум кој така потентно знае да те заплисне, а заради кој веднаш си осуден дека прекршуваш нешто, некому, некого, што ли? До толку успеаја ли да не распиздат соседиве со тезите за наше непостоење и праќање тоалетна хартија од бугарскиот архив до нашиот архив? Нашле документ за Јанко дебелиот од Јади Бурек кој се потпишал како Јанко Илковски битушки маџермаалец и цепач на невини во свирипичино-кавадаречко познат у маало како Мераклија! Ме чуди само оти Мисирите на Годината (новинарите кои изминативе години ја добиваа престижната награда) не рипнаа да кажат на онаа вест дека Крсте Петков Мисирков се потпишал како македонски бугарин за која архивистот изјавува – да така било времето. Бре! Есхол на годината. Ај бугарот да ти прати тоалетна ама ти да ми правиш дека тоа се кори за бурек – фак ју! Има барем најмалку 5 процеса да се докаже дали фотокопијата од раштраканиот Ранк Зерокс со несмент тонер од лани, е навистина оригинален документ.

Инаку кога одам у бутик и купувам облека, немам пригивор за марката и оригиналното потекло на роба од Бугарија само кога купувам ѕиври, се друго е потенцијален фалсификат, почнувајќи од кашкавалот со компир со кој толку се фалат. А Каракачанов составува листа на непожелни новинари од Македонија. Има од А1, Сител, Вечер, другар ми нарачува ладна кисела со лимон и ми наздравува по тој повод, со зборовите – АЈ НА ТВОЈА ГЛАВА!, му одговарам радосно со традиционалното ФАЛА, ДА ТИ СЕ ВРАТИ.

Деновиве, како девица на средно Водно, со нетрпение ја чекам листата од Каракачанов за персони нон грата, со искрена надеж дека нема да ме заборави и мене, а оние чии имиња се објавени, да частат! Очигледно хистеријата е пораширена од грипот. Но има уште, ова топлово време иде и на женски хормон, па изгледа дека Бакојани не е имуна на истово. После доказите дека не постоиме (а што ли сме мамумујебем?) сега се с’снала на новинарите (кои нели, пак се криви) у ЕУ и им ги земала ознаките, мислам – кој ја врти, ионака не е тоа регистарска таблица заради која не можеш крукчиња да вртиш околу европарламентот со изнајмен “матиз”. Ќе затворела граници…океј, ништо ново, не им е прв пат, веќе видено, имате ли нешто оригинално? Што? Па на пример, да не нападнете со голи жени? Да, мислам дека тука при нападот на влакнести, мустаклести, спуштеногзни особи кои ги има во голема количина на тајната грчка армија ќе однесат блицкриг победа оти нормален чоек би бегал од тоа кромањонско суштество уште од километар кога ќе го види, поарно во бегалски камп на Косово одошто сексуална злоупотреба од недепилирани суштества. Пријателите од Грис ми викаат хистерија е доле, да не споменеш Македонец, хистерија!

А националистите од север малку заќутаа, исто ко и западните ни соседи и нивните инсталменти во облик на мнозинско малцинство кај нас. Да, се решава косовското прашање. Ќе биде дупачка со радикалите, кои ако не им упали планот за метохија пак на чело со Бора Чорба, кој како што изјави и пре повеќе од 10 години, ќе ја ослободува Вардарска Бановина. Но, ако се паметни ќе си ќутат оти проектот со српските попови отиде у бестрага – појео га мрак, за да не останат со „к“ од Косово, особено што Русија, нели.

Туку, све е аут, мили мои, нерамковно, зимата со доцнење на патнички воз од Долнодупени виа Предејане, конечно стигна и ни растури целата шема на благоугодно сеирџење на маси по кафани во ова прекрасно топло време, дожд, студ а наскоро и снег. За секој ненормален, ова е нормално време, за уште поненормални ко мене, ова е – да ти е мило да бегаш.

ПС како што призабележавте драги ем милички читатели и вие уште подраги читателки, ем најмили ми распуштеници, колмуната е анахрона, сопроштењем на софрата, ова е благо козметички улепшана колумна објавена е 2007 година во весникот Вечер каде бев редовен колумнист и најдобро платен евер на тие простои – десет тисуча мјесечно… 99,4% од колумната е потполно иста.

Секоја сличност со денешѓната ситуација е доказ за статус кво – како и специјалистилчки наод дека паметот ме држел и сум бил во (претежно) во право и покрај сите лепешки окркани од шаренаите окоти. Живели!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес