„Хјустон“ и „Голден Стејт“ во финалето на Западот

Екипите на „Голден Стејт“ и на „Хјустон“ се пласираа во финалето на Западната конференција откако синоќа на домашен терен ги совладаа своите ривали и со 4-1 во победи ја завршија полуфиналната серија. „Вориорси“  на домашен терен во Оукленд со 113:104 го победи тимот на „Њу Орлеанс“.

https://youtu.be/oyCC9yUUXWs

Актуелниот првак водеше во текот на целиот натпревар. Ударната четворка на „Вориорс“ беше во елемент па ниту посилна екипа од „Пеликансите“ пред преполната сала не би имала шанси. Најефикасен беше Стеф Кари со 28 поени, 7 скока и 8 асистенции, Кевин Дурант постигна 24 поени, 7 скока и 6 асистенции, Клеј Томпсон дополни со 23 поени, 6 скока и 3 асистенци, а Дрејмонд Грин заврши со 19 поени, 14 скока и 9 асистенции. Кај гостите најдобри беа Ентони Дејвис со 34 поени и 19 скока, како и Џру Холидеј со 27 поени, 10 скока и 11 асистенции. „Голден стејт“ со 15 последователна победа во доигрувањето пред својата публика  го изедначија рекордот на „Чикаго Булс“ од сезоната 1990/1991 .

 

На натпреварот во Хјустон домаќините ја победија „Јута“ со 112:102, во нешто понеизвесен натпревар во кој  гостите имаа и водство во третиот период, но расположениот Крис Пол, кој постигна 41 поен не дозволи радост на противникот. Тој додаде и 10 асистенции и 7 скока, а  П.Џ. Такер заврши со 19 поени, 6 скока и 2 асистенции. Џејмс Харден постигна 18 поени и скромни 4 асистенции. На спротивната страна, Донован Мичел постигна 24 поени, 9 асистеции и 4 скока, а Алекс Буркс  додаде 22 поени.