Хјустон воведе полициски час за да спречи грабежи и вооружени напади

Градските власти на Хјустон од полноќ во вторникот воведоа полициски час за да спречат кражби, вооружени грабежи и движење на лица коишто лажно се претставуваат како полицајци и оваа мерка ќе биде на сила на неодредено време.

Мерката ќе биде на сила од полноќ до пет часот наутро секој ден. Првично било планирано мерката да се применува од 22 часот, но тоа би им оневозможило на волонтерите да им даваат помош на жртвите од тропската бура Харви, изјави градоначалникот Сивелстер Тарнер во соопштението. Полицијата, исто така, доведува дополнителни сили од другите региони.

„Не можете да возите, ниту да престојувате на отворени простори. Имавме проблеми со вооружени грабежи, со луѓе вооружени со пиштоли и друго огнено оружје“, изјави началникот на хјустонската полиција Арт Асаведо.

Ураганот Харви, кој во меѓувреме ослаби и стана тропска бура, предизвика катастрофални поплави, однесувајќи според ажурираните официјални податоци најмалку 13 човечки животи и парализирајќи го Хјустон, четвртиот најнаселен град во САД. Во сојузната држава Тексас речиси 50.000 куќи се поплавени, а во некои случаи нивото на водата пораснало до покривите. Под вода е речиси третина од округот Харис во кој живат 4,6 милиони луѓе.

Жителите на Хјустон во вторникот попладнето по локално време ги видоа првите сончеви зраци по неколку дена непрестаен дожд, но прогнозите најавуваат нови 15 од 30 литри дожд на квадратен метар до четвртокот. Штетите за Хјустон проценуваат на 50 милијарди долари.

 

Евакуиран округот Харис во кој има фабрика за хемиски производи

Жителите на округот Харис во Тексас кои живеат на 2,4 километри од фабриката за хемиски производи на француската групација „Arkeme“ се евакуирани поради претпазливост. „Ова е исклучитено мерка на претпазливост“, истакна во соопштението противпожарната служба која го опфаќа и градот Хјустон, каде добар дел е поплавен по силниот дожд.

Од фабриката предупредија на „можна реакција на некои хемиски производи во погоните. Хемиската реакција може да предизвика пожар, поради што може да се создаде големо количество црн чад“, се додава во соопштението на „Arkema“. Властите не соопштија ништо околу евентуалната токсичност на тој чад, ниту за какви хемиски производи станува збор.

Американскиот претседател Донад Трамп во вторникот го посети Тексас и во местото Корпус Кристи го пофали „тимскиот дух“ во спасувачките акции.

Ураганот Харви првиот пат удри токму врз Корупс Кристи во петокот ноќта. При минувањето покрај седиштето на пожарникарите во ова место претседателот Трамп го зема микрофонот и ѝ се обрати на толпата: „Ве сакаме, тука сме да се погрижиме за вас“ и додаде „Колку луѓе“, како да станува збор за политички собир, пренесува агенцијата AFP.

Првата дама на САД, Меланија Трамп, претходно во четвртокот беше исмејувана на социјалните мрежи поради „стајлингот“ кој го одбрала при излегувањето од Белата куќа, високи потпетици и авијатичарски очила, и покрај дождот. Но по доаѓањето во Тексас Меланија беше во спортска облека.

 

Пробиен насипот кај Хјустон, се очекува удар на Њу Орлеанс

Пред пристигнувањето на претседателската двојка во Тексас беше пробиен насипот јужно од Хјустон и населението беше повикано „веднаш да ја напушти таа зона“.

Американскиот Национален центар за урагани (NHC) објави дека силните дождови уште два дена ќе врнат врз Луизијана и Тексас.

Ураганот кој подоцна се претвори во тропска бура за четири дена на некои места . донесе и до 131 литар дожд на квадратен метар, што претставува рекорд за тропска бура во САД, објави Националниот метеоролошки центар во Пирлен во Тексас, југоисточно од Хјустон.

Дождот врнеше 58 часа од петкот, кога Харви удри на копното како ураган од 4-та категорија, едно ниво до максималното, и потоа ослаби во тропска бура и предизвика катастрофални поплави во Хјустон и во други делови од државата Тексас.

 

Луизијана се подготвува за бура

Жителите на Њу Орлеанс во сојузната држава Луизијата се подготвуваат за силните дождови и поплави во текот на следните 48 часа. Харвина копното трана да удри во средата наутро по локално време. Бурата во моментот развива ветрови до 85 километри на час и се движи кон брегот на Мексиканскиот залив каде што акумулира влага од топлите води. Повеќе од 5 литри на квадратен метар наврнаа досега во југозападниот дел од Луизијана.

Њу Орлеанс е особено ранлив бидејќи се наоѓа под нивото на морето и беше погоден од големите поплави на почетокот од овој август, а уште болно ја памети катастрофата предизвикана од ураганот Катрина од 200 година, која однесе повеќе од 1.800 животи.