Хоџа: Владините антикризни мерки се задоцнети и недоволни

Мерките коишто ги презема Владата за помош на македонското стопанство за справување со економската криза како последица на пандемијата на коронавирусот, не се доволни а тие мали пакети со мерки се задоцнети, оцени во средата претседателот на Северозападната стопанска комора, Неби Хоџа.

Во синоќешната емисија „Клик Плус“ на телевизија ТВ21, Хаџе меѓу другото рече дека Владата многу порано требало да преземе посериозни мерки. Истакна и дека стопанствениците не бараат државата да им даде помош, туку оти браат да им бидат вратени парите коишто им ги должи.

„Во контекс на ситуацијата, имаме многу државни институции кои што имаат долгови кон приватните компании. Значи нека не ни дава помош, туку нека ни ги врати парите кои што ни ги должи, тоа ќе помогне многу, компаниите да ја задржат својата ликвидност“, рече Хоџа.

Додаде дека и оние фирми кои работат, работат со намалени капацитети од околу 60 отсто, при што секое задоцнување на мерките има свои последици врз економијата.

Хоџа, исто така, истакна дека мора да се направи ребаланс на државниот Буџет со цел да се пренаменат финасиски средства за одржување на економијата.

„Под итно треба да се направи ребаланс на државниот буџет, да се реалоцираат средства, да се повлечат непродуктивните инвестиции и тие средства да се концентрираат на одржувањето на економијата“, констатираше претседателот на Северозападната стопанска комора, Неби Хоџа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.