Ходорковски во посета на своите поранешни бизнис партнери

Поранешниот шеф на руската компанија „Јукос“ Михаил Ходорковски , кој по ослободувањето од затвор замина за Германија, а оттаму во Швајцарија, сега пристигнал во Израел, каде што живеат неговите поранешни деловни партнери, пренесе „РИА Новости“.

Израелските медиуми соопштуваат дека Ходорковски веќе се сретнал со поранешниот косопственик на „Јукос“ Леонид Невзлин, кој во Русија во отсуство е осуден на доживотен затвор, а во Израел се занимава со трговска дејност и филантропија. Можно е Ходорковски, исто така, да се сретне и со други поранешни акционери во „Јукос“ во Израел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.