Хоџа за Љубе Бошковски: Него го зезнаа неговите, мене моите

Џезаир Шаќири – Хоџа, кој прво беше именуван за советник на премиерот Зоран Заев, а потоа под притисок на јавноста си даде оставка, во радио емисија на Канал77 му порача на ВМРО-ДПМНЕ да не претерува.

– „Нека не претерува ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот министер за финансии Трајко Славески во 2007 година дојде во Танушевци. Ако бев терорист, или бев лош, ќе го држев една недела во Танушевци, кој ќе потпишеше за плата? Цела Македонија ќе останеше без плата“, рече Џезаир Шакири-Хоџа, во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Во радио емисијата тој за Љубе Бошковски со кого во 2001. се гледаа преку нишан рече:

– „Ќе бидам искрен, ќе кажам јавно. Љубе Бошкоски беше за*бан од македонските националисти, исто како што бев и јас од моите. Го држеа 4 саати легнат на асфалт, а мене моите ме оставија 10 години. Нема проблем да го испиеме кафето што остана неиспиено од Арачиново“, вели Џезаир Шаќири-Хоџа.