Хофенхајм го доби дуелот со Шалке

Во последниот меч од осмото коло на германското фудбалско првенство, Хофенхајм како домаќин со 2:0 го совлада Шалке 04.

Хофенхајм успеа да поведе во 72 минута, искористувајќи брз контра која ја поведе Ихлас Бебу но чиј удар го одбрани голманот Александер Нубел, а Андреј Крамариќ одбиената топка ја спроведе во гостинската мрежа. Прашањето на победникот го реши во 85 минута токму Бебу.

Шалке 04 пропушти можност со победа кај просечниот Хофенхајм да се искачи на врвот на табелата, па остана седми со 14 бодови, додека Хофенхајм сега е 11-ти со 11 бодови. На табелата водат Борусија Менхенгладбах и Волфсбург со по 16 бодови, додека Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг имаат по 15 бодови.

Претходно во неделата Келн во дербито на дното го победи дебитантот Падеборн со 3:0. Стрелци за домашните беа Симон Тероде во 8, Луис Шауб во 59 и Себастијан Борнаув во 85 минута. Со трите бода Келн побегна од зоната на испаѓање, сега е место над оваа зона 15-ти е со седум бодови. Падеборн е закован на дното 18-ти е со само еден бод.бундеслига