Хофенхајм го потопи Келн

Во првиот меч од осмото коло на германската фудбалска Бундеслига, Хофехнајм убдливо со 5:0 го совлада на домашен терен Келн.

Стрелци за домашните беа Ихлас Бебу во 31 и 49, Криштоф Баумгартнер во 51, Денис Гејгер во 74 и Штефан Пох во 87 минута.

Дуелот го одбележа хрватскиот интернационалец Андреј Крамариќ кој со двете асистенции за првиот и последниот погодок на мечот дојде до шест асистенции сезонава, со што изби на водечката позиција во Будеслигата во овој сегмент.

За Хофехјам ова беше третата победа сезонава со која моментално скокна на осмото место со 11 бодови, а Келн е место пред него со 12 бодови.